Бизнис
16. February 2019 - 19:38

Македонија во мај домаќин на Самит на слободни зони

Самит на слободни економски зони во периодот 02-04.05.2019 година. Ќе има околу 350 учесници од целиот свет, но најмногу од Европа.

ЕУ веќе подолго време прави напори за унифицирање на државна помош на инвеститорите во зоните, бидејќи 40%-60% од светската економија се води во некој вид слободни зони.

Инаку, Македонија е членка на Светската организација на слободни зони. Во Организацијата членуваат над 2.000 зони.

Темите на кои што ќе се разговара на самитот се:
-Иднината на ТИРЗ-овите
-Избегнување на нелегалната трговија
-Формирање асоцијации со цел елиминација на политичките влијанија врз работата во зоните
-Разменување искуства и меѓусебна помош на зоните

Со настаните, како што е овој Самит, ќе станеме многу повидливи во светот, ќе станеме дел од зоните инволвирани во процес на регистрирање/сертифицирање за сигурност. Ова е особено значајно зашто со влегувањето на Македонија во ЕУ кзоните ќе бидат први на удар.

Просечната плата во зоните е повисока отколку во фирмите што работат надвор од зоните. Само во зоните во моментов работат 13.500 лица. Во ТИРЗ-от работи и фирмата што е најголем даночен обврзник во Македонија. Капиталните инвестиции се огромни. Во моментов 17 нови фабрики се во различна фаза на реализација, а со (над) 6 нови ќе се потпишат договори во наредниот период. И очекуваме бројот да расте во следните 2 години.

Значи, целта е да се направи некакво регионално усогласување во условите, односно привилегиите што им се нудат на инвеститорите. Искуството покажува дека странските инвеститори што сакаат да отворат фабрика во регионот најмногу целат кон Македонија, Србија и Бугарија. Најчесто овие три држави се во игра и при тоа инвеститорите гледаат различни параметри. На пример ако некоја компанија произведува специфични производи чиј транспорт е поскап, тогаш веројатно според параметарот логистика би ја одбрала Србија, односно северниот дел од Србија бидејќи од таму транспортот до повеќето европски држави би бил побрз и поповолен. Инаку, ние имаме подобра инфраструктура, што е предност, на пример, во однос на Србија.

Од ТИРЗ сметаат дека на регионот му одговара унифицирање на условите за работа.

Инаку, комплетното производство на Чагатај е наменето за Ван Хул.

А во врска со тие новите промотори..или како и да се викаа сеа не ми текнува J... значи тие најдоцна до крајот на годинава ќе почнат да работат. Ќе бидат во Германија, задолжен за Западна Европа, во Турција, задолжен за Блискиот Исток и во САД.