Loading Video...
Фудбал
15. October 2018 - 19:07

Македонија во комплетен состав против Ерменија

Македонската фудбалска репреентација утре во 18ч .го игра и вториот дуел со селекцијата на Ерменија во рамките на Лигата на Нации и тоа на гости во Ереван.  И фудбалерите и јавноста со нетрпение го чекаат овој дуел кој може дефинитивно да ни го обезбеди првото место во групата.

            Македонија има многу мотиви за добар резултат во Ереван. Да се визира полуфиналето во Лигата на нациите со нови бодови кои можат да ни донесат одличен пласман и организација на дуелот   кој го решава пласманот во финалето.

            Она што фудбалската јавност го очекува тоа е пред се потврда на добрата игра на оваа генерација фудбалери и секако уште еден добар резултат.

            Селекторот Ангеловски и капитенот Пандев на денешната прес конференција во Ереван најавија дека Македонија ќе игра својата игра од претходните дуели.  Игра за надигрување и пред се позитивен резултат.

            Селекторот Ангеловски најави дека болни и повредени играчи нема  и повика на мобилност во нашиот тим , да се игра максимално и да не се потцени противникот кој сигурно токму на средбата со Македонија ќе бара лек за слабите резултати и пред се катастрофалниот пораз од Гибралтар пред 3 дена.