Loading Video...
Ракомет
27. October 2018 - 19:03

Македонија во Грција ќе настапи со нов голмански тандем

Нашите најдобри ракометари, утре 16 часот во Кожани го играат квалификацискиот дуел со нашиот следен противник , селекцијата на Грција.

                 По победата во дуелот со  Турција во многу послаба игра од очекувањата како што истакна капитенот Кире Лазаров  на ред е гостувањето кај нашиот јужен сосед кој денеска на прес конференцијата изрази почит кон македонската репрезентација:

                СЕлекеторот Јанис Арванитис истакна дека Грција ќе игра против силна европска репрезентација но овојпат ќе биде комплетна за разлика од дуелот со Исланд  и е подготвена да ги освои првите бодови во групата откако првиот меч го загуби.

                Што се однесува до нашиот состав промени ќе има само на голманските позиции.  Селекторот Раул Гонзалез одлучи на местото на Борко Ристовски и Мартин Томовски да им даде шанса на  Никола Митревски и Златко Даскалоски.

                На последните две средби со Грција Македонија забележа победа од два гола разлика на гостински терен и убедлив триумф како домаќин.

                Грчката ракометна федерација го прогласи мечот од висок ризик и најави ригорозни контроли и силно обезбедување за оваа средба која потсетуваме се игра недела од 16ч.