Loading Video...
Фудбал
4. March 2021 - 16:43

Македонија во Букурешт на Еуро ќе игра пред максимум 12.000 гледачи

Европската куќа на фудбалот потврди дека засега нема промена на планот околу одржувањето на европскиот шампионат на кој за прв пат ќе учествава и Македонија. 
 
Откако англиските медиуми поитаа да информираат дека престојаното ЕП ќе се одржува само на Британско тло, од УЕФЕ излегоа со информација дека засега таков план нема и дека ставот на УЕФА е шампионатот да се одржи во 12 земји и градови. 
 
Истовремено од Романија чиј главен град е меѓу домаќините информираа дека на трите натпревари во групната фаза и еден од осминафиналето дури ќе биде и дозволено присуство на публика.
 
„Властите го прифатија предлогот на локалниот организациски одбор да дозволи пристап на гледачи на трибините на натпреварите од ЕВРО 2020 од 25% од вкупниот капацитет на националниот стадион“, се вели во соопштението на романската фудбалска федерација. 
 
Тоа значи дека нашата фудбалска селекција, која во Букурешт ќе ги игра дуелите против Австрија на 13 јуни и четири дена подоцна (17 јуни) против Украина, ќе ги игра со присуство на публика, но не повеќе од 12.000 гледачи.