Loading Video...
Македонија
14. October 2020 - 21:24

Македонија влезе во процедура за набавка на вакцина

Македонија веќе аплицираше за првиот контигент вакцини против Ковид 19 преку Ковакс механизмот. Нарачани се 800 000 дози. Се очекуваат до крајот на годинава или на почетокот на следната, првата вакцина која ќе биде одобрена на пазарот да биде дистрибуирана и кај нас. Но, колку е овој рок веројатен, останува а се види. Веќе две големи фармацевтски компании го паузираат тестирањето на вакцините. По Астра Зенека која работи со Оксфордската вакцина, сега и американскиот фармацевтски концерн Џонсон анд Џонсон го стопираше клиничкото испитување, поради необјаснива реакција кај еден од испитанициите. Оттаму не даваат детали за случајот. Оксфордската вакцина исто така е ставена на пауза откако во третата фаза на кличничко естирање кај еден учесник се појавиле невролошки симптоми. Блиску до целата е и американскиот фармацевтскиот гигант Модерна, кој најави дека ке побара ограничено користење на нивната вакцина кај високо ризичните групи.

И компанијата Фајзер заедно со германската Бионтех е во тертата фаза на клиничко тестирање врз над 30 000 испитаници, а највено е и тестирање врз деца под 12 години. Сепак сите овие вакцини треба да бидат одобрени. Во Русија пак веќе е регистрирана и втората вакцина против ковид. По Спутник пет е лиценцирана и вакцината развиена во лабараторијата Вектор во Новосибирск. Нејзиното име е Епивак корона, а руските експерти велат дека е ефикасна и безбедна. Таа е во рана фаза на клиничко тестирање. Што се однесува до Спутник 5 таа веќе ја примија стотици високоризични пациенти во Русија. Сепак Запад е скептичен. За нив оваа вакцина е небезбедна, ризична и недоволно тестирана. Од  Москва велат дека ништо не кријат и дека се е транспарентно.

Во мешѓувреме Путин најави дека на пат е и трета вакцина од центарот Чумаков на Руската акдемија на науките.