Македонија
15. јуни 2019 - 16:24
,,Македонија вечна‘‘ замина во историјата
Старата реклама замина во архивите. Новиот слоган за туристичката понуда за нашата земја е е Северна Македонија вечна. Промената е направена на официјалниот сајт на државната агенција за промоција на туризмот, токму онака како што бараше грчката опозиција. Од агенцијата велат дека со вакавата промена ке се усогласат и текстовите, кои се уште го содржат стариот термин.
Пред неколку дена Нова демократија се пожали дека Скопје не го почитува преспанскиот договор и го користи старото име во привлекување на странските туристи. Одогворт на македонската агенција беше декае процесот на целосно ребрендирање на туристичката понуда за нашата земја е во тек, но дека за тоа е потребно време и процедури.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->