Loading Video...
Спорт плус
27. May 2018 - 15:20

Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ од 20:30 часот домаќин на Австрија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва ќе го играат третиот меч во Сребрената Европска лига. 
 
Во Скопје гостува Австрија, во дуел кој ќе се игра во СРЦ Кале од 20:30 часот. 
 
Потсетување дека во првото коло црвено-жолтите го совладаа Косово на гости со 3-1, а пред четири дена загубија на гостувањето кај Летонија со 3-0. 
 
Австријците имаат идентичен учинок, пораз од Летонија дома и победа над Косово на гости. 
 
Токму овие две селекции го сочинуваат вториот пар од оваа трета рунда во А конкуренцијата