Loading Video...
Спорт плус
3. јуни 2018 - 17:33

Македонија вечерва игра против Летонија

Нашите најдобри одбојкари вечерва во  20.15ч  во СРЦ Кале играат квалификациски дуел од Сребрената лига против репрезентацијата на Летонија. 

Македонија досега има 1 победа и три порази, еден токму од Летонците па затоа вечерва се очекува интересен дуел. Селекторот Љубомир Травица најави дека главната цел е темпирањето на формата за завршниот турнир  но зошто не и победа против силниот противник. 

Травица најави дека се потребни уште 2-3противника за да се увежбаат потребните техничко-тактички елементи но ќе биде тешко да се организира сето тоа бидејќи голем дел од репрезентациите се зафатени.  Доколку нема противник тогаш  ќе се работи самостојно во таа фаза од подготовките.