Македонија вчера со трета највисока смртност во Европа – вирусот зема залет на Балканот
Со само 5,8% позитивни од вкупниот број на спроведени тестови, Македонија вчера ја забележа една од најпозитивните корона статистики во последните неколку месеци. По спроведени 1507 тестови, надлежните откриле 88 нови случаи што е втор најпозитивен резултат од почетокот на јуни. Сепак смртноста и натаму останува висока. Шестмината починати вчера ја ставија Македонија на третото место во Европа според бројот на починати на еден милион жители. Најлоши бројки има Црна Гора каде вчера починале 4 пациенти што е смртност од 6,45 на милион жители. Следи Моладвија со 3,22 и Македонија со 2,88.
Згрижуваат информациите дека расте бројот на позитивни случаи кај сите наши соседи. Бугарија вчера регистрирала 303 нови случи и 9 починати исто како и Србија каде што од вчера има 295 нови позитивни на ковид19.
Во Албанија вчера имало 6 жртви и 139 нови случаи а во Грција 119 случаи и едно починато лице.
На Балканот и натаму најдобро се снаоѓа Словенија каде вчера имало 18 нови случаи и 1 починат како и Хрватска каде се регистрирани 58 нови случи без починати.
Во Македонија најмногу активни случаи, очекувано има во Скопје, каде вчера бројката достигна 1303. Следи Штип со 433 и Гостивар со 288.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор