Фудбал
20. November 2018 - 9:32

Македонија убедливо прва во групата го чека противникот

Македонската фудбалска репрезентација го исполни ветеното и го освои првото место во групата 4 од Лигата Д во Лигата на нации на УЕФА, откако пред малубројната публика на „Филип Втори“ го совлада аутсајдерот Гибралтар со 4:0 .

До петтата победа во шесте меча во Лигата на нации, Македонија дојде со смирена игра против неатрактивниот противник без капитенот Горан Пандев, кој паузираше поради жолти картони.

Барди со прекрасен погодок ја отворија серијата голови во доминантната игра.

Во продолжението два гола постигна Илија Несторовски а еден Трајковски.

Македонија го освои убедливо првото место во групата со само еден пораз во конкуренција на Ерменија, Лихтентајн и Гибралтар и го очекува противникот во полуфиналето. Најверојатно Белорусија или Косово.

ГОЛОВИ ОД НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА - ГИБРАЛТАР 4-0