Loading Video...
Ракомет
11. January 2019 - 17:05

Македонија стартуваше со убедлива победа на СП 2019

Солидна игра на македонската ракометна репрезентација на стартот од СП 2019. Совладана убедливо Јапонија  со 38-29 (18-13).

По несигурниот почеток нашите репрезентативци полека го фатија ритамот и во поголемиот дел од првото полувреме имаа 4-6голови предност.  Манасков добро го започна натпреварот а потоа во ритам влегоа Стоилов и Кире Лазаров и потпомогнати од расположениот Борко Ристовски кој во првите 30минути имаше 12 одбрани направија предност од 5 гола по првиот дел. 
Во вториот долго се одржуваше предноста од 4-6 гола но во последните 10 минути Македонија влезе фуриозно и преку Поповски и Кузмановски го полнеше голот на противникот кој немаше решение за расположениот Ристовски. 
Манасков го заврши мечот со 8 погодоци, Кире Лазаров постигна 7 додека Борко Ристовски заокружи 20 одбрани.