Бизнис
13. јуни 2016 - 19:46

Македонија станува се поатрактивна за странците, бројот на туристи постојано расте

Македонија станува се поатрактивна за странците Македонија станува се поатрактивна за странците. Пред стартот на сезоната, во период од јануари до април во Македонија дошле над 111.000 странски туристи или 12,5% повеќе од истиот период лани.

Според податоците на државната статистика, близу 40.000 од странците ја посетиле земјава во април. Најголем дел од нив биле од Турција, Србија и Бугарија, а најпостеувани се Скопје и македонските езера.

Растот на бројот на гости пред стартот на туристичката сезона е одлична најава за следниот период.

Познавачите очекуваат дека бројките до крајот на годината ќе бидат поголеми од лани затоа што од мај почнаа да се реализираат чартерите на странските тур оператори. Најголем придонес за растот на бројот на туристи имаа владините субвенции, но и промоцијата на земјава како атрактивна туристичка дестинација.

Од 2011 досега бројот на странски гости во земјава е зголемен за 100%, а двата најголеми светски тур оператори ја ставија земјава на својата понуда.

Паралелно, расте и бројот на патници на македонските аеродорми, заклучно со април над 480.000 патници биле превезени од Скопје и Охрид што е за 28% повеќе од лани.

Истовремено, охридскиот аеродорм е втор најбрзо растечки во Европа.