Македонија, Србија, Албанија и Косово ќе ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот
Полициските служби од Македонија, Србија, Албанија и Косово ќе ја интензивираат соработката и размената на податоци во борбата против тероризмот и организираниот криминал.
Ова е договорено на денешната регионална конференција што се одржува во Скопје во организација на Бирото за јавна безбедност со посредство на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово.
- Тероризмот и организираниот криминал претставуваат глобален проблем и закана. Терористичките напади коишто се случија во Франција, Турција и во Германија и кои предизвикаа голем број човечки жртви и огромна материјална штета претставуваат јасни индикатори дека овој феномен мора да се решава на глобално ниво, изјави шефот на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово, Оливер Хофман.
Според него, за поефикасна борба против тероризмот потребно е да се зголеми соработката меѓу полициските служби и да се идентификуваат начините за побрза размена на информации.
За заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност Бесир Деари, тероризмот и организираниот криминал се закани кои ги засегаат и државите од Западен Балкан и за кои треба да се воспостават ефикасни механизми за размена на податоци.
- Ова е прва конференција од овој вид. Идејата е секоја земја учесник во иницијативата, по пат на ротација, да организира ваква средба со различни теми на дискусија, рече Деари.
Следната конференција на која четирите држави од Западен Балкан ќе разговараат за теми од организираниот криминал и тероризмот ќе се одржи на Косово.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација