-->
-->
Македонија со Талески на СП во Алжир за младинци
-->
Капитенот на младинската ракометна репрезентација на Македонија, Филип Талески ќе ја предводи селекцијата на претстојното Светско првенство што од 18 до 30 јули ќе се одржи во Алжир. Оваа информација ја потврди и Ракометната федерација на Македонија, која успеа да најде решение за ситуацијата и да најде заеднички јазик со тимот на Талески, шампионот на Германија Рајн Некар Ловен.
Ова значи дека Талески ќе му се стави на располагање на селекторот Илија Темелковски за време на подготовките, кои стартуваа денеска и младинските репрезентативци се во Маврово. Првите денови ќе отсуствува Талески, а селекторот очекува на располагање да бидат и поврдените Марко Нелоски и Мартин Томовски.
Младинската репрезентација во сабота се очеува да биде комплетна. Нашата селекција е во групата Ц, каде за ривали ги има: Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Буркина Фасо.
Македонија за Алжир ќе патува на 16.јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата