Спорт плус
5. February 2017 - 19:12

Македонија со седуммина скијачи на Светското првенство

 
 
 Македонија ќе биде претставувана од седуммина спортисти кои ќе настапат на Светското првенство во алпско скијање, кое ќе се одржува во швајцарскиот ски-центар центар Сент Мориц, а ќе започне од утре па се до 18 февруари.
 
Единствената дама која ќе настапи на Мундијалот че биде Лидија Симјановска, која ќе се натпреварува во две дисциплини, слалом и велеслалом.
 
Во машка конкуренција, боите на нашата држава ќе ги бранат: Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Лука Божиновски (слалом и велеслалом), Дардан Дехари (слалом), Воислав Синадиновски (слалом), Марјан Нашоку (велеслалом) и Виктор Петров (велеслалом) и Виктор Петров (велеслалом).
 
Нашиот тим во Сент Мориц ќе биде предводен од тренерот на алпскиот тимот Иван Лесевски.