Спорт плус
23. јуни 2016 - 17:12

Македонија со претставник во џудо на ЛОИ во Рио

Македонската џудистка Катерина Николовска ќе учествува на Летните Олимписки игри во Рио. По основа на барањето на Македонскиот олимписки комитет Трипартитната комисија на Меѓународниот олимписки комитет, донесе одлука нашата џудистка да биде дел од XXXI-те Летни Олимписки игри Рио 2016 (5-21 Август 2016 година) се вели во соопштението на МОК.
Во МОК се надеваат дека ова ќе даде силен импулс џудото да биде поставено на уште повисоко ниво, а македонските џудисти да постигнуват уште подобри резултати на национално и меѓународно ниво.
Настапот на Николовска ќе биде дебитантски настап на македонското џудо на Олимписки игри.