Ракомет
15. јуни 2017 - 10:44

Македонија со победа над Украина ќе обезбеди „хрватска виза“

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево го игра пеетиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018. Нашите ракометари гостуваат во Украина, а избраниците на селекторот Раул Гонзалез од вчера се наоѓаат таму.
Од повиканите играчи поради повреда отпадна Велко Маркоски, а во Скопје останаа и голманите Никола Митревски и Мартин Томовски, како и бекот Горан Крстевски.
По вчерашниот триумф од 27:24 над Исланд Чешка е пред пласман на ЕП и ќе навива денеска за Македонија. Во случај нашите ракометари да победат Македонија и Чешка како две првопласирани селекции ќе обезбедат пласман на првите две места во групата и на ЕП. Во тој случај дуелот во Скопје ќе биде само за меѓусебен престиж и евентуално, која селекција во кој „шешир“ од извлекувањео на групите ќе биде. Македонија со триумф би го обезбедила пласманот на ЕП во Хрватска.   
Дуелот Украина – Македонија почнува во 18 часот по македонско време.