Бизнис
22. February 2016 - 9:45

Македонија со најевтин дизел на Балканот

Со 5.000 динари возачите на дизел автомобил во Македонија можат да поминат 354 километри повеќе од нивните колеги во Србија. А за да можат Србите да ја поминат истата километража како граѓаните на Македониа треба да издвојат уште 2.656 динари.

Причината за ваквата состојба е што евродизелот во Србија, според податоците на Здруженеито на нафрени компании на Србија, е 44 динари поскап од оној во Македонија, пред се поради даночните оптоварувања - акцизи, ДДВ и надоместокот за обавезни резерви. Македонската држава зема 46 отсто од малопродажната цена на евродизелот, а српската 60. Тоа значи дека во Србија за 125 динари купувате литар евродизел на пумпа, а државата од нив добива 77,5 динари.

На пумпа преку граница

Поради големите давачки, Србија по цената на овој нафтен дериват е втора во регионот, па не е чудно што и други возачки, освен Македонците, можат да преминат повеќе километри за 5.000 динари. така во Босна можат да поминат 314 километри повеќе, во Црна Гора 143, па и во Хрватска која е членка на ЕУ, во плус се 34 километри.

Ваквите податоци не се изненадување за Здружението на нафтените компании во Србија, од каде велат дека потрошувачите од пограничните делови на Србија, дизелот масовно го купуваат во соседните земји, најмногу во Македонија и БиХ.

Црн пазар

Томислав Миќовиќ, гемнералниот директор на УНКС, истакнува дека ова се последиците од државните зафаќања во цената на евродизелот, но и дека не се единствени. Од потрошувачката на гориво во западна и јужна Србија буџетот на Србија оставарува далеку помал приход, а стопанските активности во нафтениот сектор замираат зошто компаниите и останатите сопственици на бензински станици во овие делови од Србија со месеци едвај опстојуваат и не можат да ги одржуваат обејктите поради постојниот пад на прометот,

-Исто така повторно се активираше црниот пазар, и тоа во местата и по 100 километри оддалечени од границата, што секако треба да се запре пре реиодот на интензивна потрошувачка на дизел во текот на пролетните земјоделски работи. Разликата во цената едноставно е преголема и тоа е силен мотив и за купувачите и за шверцерите, наведува тој.

Форбс: Нафтата ќе биде џабе

Инаку, нафтата за 10 до 15 години ќе ја изгуби битката со алтернативните извори на енергија, и за 40 години би можела да биде бесплатна, смета аналитилчарот од Форбс Џон Молдин. Тој истакнува дека 60 долари е највисоката цена која нафтата во наредните години може да ја постигне.

Извор: Курир.рс