Македонија
20. јуни 2018 - 16:26

Македонија со можност за покана на Самитот на НАТО во јули

Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули, порачува првиот човек на Алијансата во интервју за Франс 24. Постигнатиот договор за името според Столтенберг е добра основа, но кога ќе почнат преговорите за почеток на членствтот сепак зависи од ратификацијата и референдумот во Македонија.

Ако тој договор биде финализиран и целосно применет новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО. Искрено се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме“, изјави Столтенберг во интервју за француската телевизија „Франс 24“.

Од собраниската говорница премиерот Заев попладнево потврди дека поканата за членство на Македонија во НАТО е веќе ставена како точка на дневен ред на јулскиот самит. Целиот овој процес го поддржа и америкабнскиот амбасадор Бејли.

„САД од секогаш го поддржуваше и се уште го поддржува изнаоѓањето решение на овој спор. Револтот и протерстите на граѓаните се новно право во секоја демократска земја, но вандализмот не треба да биде дел од протестите. Граѓаните треба да протеститраат демкоратски, за така со нив да се однесува и полицијата“, посочи амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Во исто време Македонија доби поддршка и за почеток на преговорите со Европската унија од Вишеградската група. Амбасадорите на Унгарија и Словачка се едногласни дека сега е вистинското време земјава да се приближи до унијата.

Очекуваме добри вести идната недела, Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Ќе помогнеме колку што можеме зашто земјата треба да стане полноправен член што поскоро, а договорот со Грција е само дополнителен, силен поттик во оваа насока, вели Ласло Дукс, амбасадор на Унгарија.

Отворањето на преговорите треба да почне во секој случај иако Договорот со Грција дава дополнителен, огромен придонес во оваа насока. Жалиме што процесот на преговори не почна уште пред многу години, истакна амбасадорот на Словачка Херик Маркуш.

Токму проширувањето на ЕУ ќе биде во фокусот на словачкото претседавање со Вишеградската група кое стратува од 1 јули.