Спорт плус
30. May 2021 - 9:54

Македонија со две победи на турнирот во Данска, денеска против Кипар

Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа уште една победа на вториот турнир од Сребрената лига.  Во Слагелсе, Данска нашите одбојкари го совладаа Израел со 3-1. 

По убедливата победа со Данска од 3-0 Македонија има две победи и веќе го визира учеството на завршниот Ф-4 во Струмица. 
Останува уште денешниот дуел во 16.00 против Кипар.