Loading Video...
Фудбал
17. September 2020 - 16:05

Македонија со две места прогрес на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок од две места на најновата ФИФА ранг листа. 
 
Со победата над Ерменија со 2-1 и нерешениот резултат 1-1 на гостувањето кај Грузија, во новата сезона од Лигата на нациите, и донесоа прогрес на Македонија на 66-то место на ФИФА ранг листата. 
 
Вистинскиот предизвик за нашите фудбалери е во месец октомври кога најнапред на 8-ми во Скопје ќе го играат полуфиналниот бараж дуел против Косово за пласман на Европскиот шампионат, по што ќе следуваат и нови две средби во Лигата на нациите. 
 
Инаку косовската репрезентација педесет места послабо рангирана (116-та) на нашата селекција на ФИФА листата.