Loading Video...
Бизнис
17. November 2023 - 16:40

Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од користењето јаглен

Македонија ќе добие 4 милијарди евра за да се ослободи од користењето јаглен  за производство на струја и да инвестира во обновливи извори. Планот, кој ќе биде објавен крајот на ноември на Климатскиот самит во Дубаи,  предвидува затворање на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и нивна замена со обновлива енергија. Чистите капацитети планирано е да произведувааат 1,7 гигавати  струја. Проектот наречен Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција, ќе го поддржат меѓународните кредитори, меѓу кои ЕВРД и Светска банка , потврди  претседателката на ЕВРД за агенцијата Ројтерс.

„Јагленот претставува 40% од изворот на енергија во Македонија, што е многу. Ова е еден пример за тоа што би сакале да го прикажеме на ЦОП, да го претставиме овој пристап и што може да даде, како и посветеноста на земјата“, изјави претседателката на ЕБРД, Одил Рено-Басо.

 Во 2018 та година  Обединетите Нации го прогласија  Скопје за најзагаден град во Европа. Земјава  работеше на замена на јагленот со чиста енергија, но поради  енергетската криза и високата  цена на струјата од увоз, во 2021 та , повторно се отвори старата централа Осломеј.  Заедно со   РЕК Битола  обезбедуваат  79 % од вкупното дневно производство на електрична енергија. Изградени се пред точно 43 години. Застарената опрена и дотраени капацитети прават чести испади од системот.

Инаку Македонија се приклучи кој Сојузот за енергија без јаглен во 2021 та година. Планираше да го отстани јагленот до 2027 та година, по што рокот беше продолжен до јануари  2030 тата. . Покрај нашата земја, со планот ќе се затвораат и електрани на јаглен во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам  и Сенегал. Пари ќе се обезбедат од кредитори, влади и приватни инвеститори.