Loading Video...
Фудбал
31. March 2021 - 23:16

Македонија слави голема победа над Германија

Голема победа остварија македонските фудбалери во квалификациите за СП во Катар. Совладан е повеќекратниот светски и европски шампион Германија и тоа на нејзин терен во Дуизбург.
 
Во натпревар од 3.коло на Ј квалификациската група Македонија ја победи Германија со 2-1, со што потврди дека пласманот на Европскиот шампионат не бил случаен и како што истакна селекторот ангеловски по натпреварот, се трите освоени бодови влегуваме во трка за позициите што носат пласман на Мундијалот.
 
Што се однесува до натпреварот. Први се заканија Германците односно Горецка чиј удар во   9.минута заврши во гредата од голот на Димитриески
 
Во 23.минута по акцијата од левата страна која одеше преку Адеми, на центаршутот на Алиоски, за малку задоцни Трајковски.
 
Во 27.минута се закани и Гнабри, но Димитриески беше на вистинското место и одлично одбрани со нога.
 
Истиот фудбалер само четири минути подоцна можеше да ја казни грешката на нашата одбрана, но за среќа неговиот удар заврши високо над голот.
 
Во 40-тата минута, ние имавме голема шанса да поведеме со 1-0, а по луцидниот  слободен удар од десната страна кој го изведе Алиоски, но голманот на Германија и Барселона, Терштеген во последен миг успеа да одбрани.
 
Тоа како да им даде "крилја" на нашите фудбалери кои во втората минута од судиското дополнение, по една брза акција преку капитенот Горан Пандев успеаја да ја затресат мрежата на Терштеген и да дојдат до предност од 1-0 со која заминаа на одмор.
 
Во вториот дел.  Две спорни ситуации. Првата по стартот на Алиоски врз Сане, рускиот судија досуди пенал кој во гол и израмнување го претвори Гундоган.
 
Но затоа Русинот, немаше храброст, да досуди пенал за Македонија, иако имаше причина во 65.минута за тоа, откако по корнерот на Барди, Емре Џан очигледно играше со рака. Наместо најстрога казна и пенал за Македонија, Русинот му покажа жолт картон на нашиот капитен Пандев кој со право реагираше.
 
Сепак правдата беше задоволена, во 86-тата минута, а за неа сами се изборија македонските фудбалери.
По акцијата на Барди, и одлично ту уфрлање на Адеми од левата страна, на вистинското место се најде Елиф Елмас кој го совлада Терштеген за водство и победа на Македонија со 2-1.
 
До крајот Германците се обидоа да стигнат до израмнување, но големата борбеност и умешност кој ја демонстрираа избраниците на Ангеловски на крајот сепак се исплатеше, па македонските фудбалери имаа причина да се радуваат на големата победа. 
 
Со овој триумф Македонија изби на второто место на табелата со 6 бодови колку што имаат и трето рангираните Германци. Први на табелата се Ерменците кои во оваа рунда на домашен терен ја совладаа Романија со 3-2. 
 
Токму против Ерменија во Скопје на 2 септември нашата селекција ќе ги продолжи Мундијалските квалификации, а во меѓувреме во јуни месец, Македонија ја очекува дебитантскиот настап на Европскиот шампионат на кој во групата ќе играме против Австрија, Украина и Холандија.