Loading Video...
Кошарка
17. November 2018 - 15:39

Македонија – Шведска, вечерва во „Јане Сандански“ од 20:15 часот

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра четвртиот натпреварат во евро-квалификациите. 
 
Нашите кошаркарки во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекуваат селекцијата на Шведска во меч од Г квалификациската група во која денеска играат и Хрватска – Италија (од 19 часот).
 
За, избраничките на селекторот Марјан Лазовски ова ќе биде уште еден тежок тест, имајќи в предвид дека во составот на црвено-жолтите ќе недостасуваат неколку стандардни првотимки. 
 
Црвено-жолтите кои се без победа во овие квалификации, се на последното место во групата додека Швеѓанките заедно со Италија се на делба на првите две позиции со „скор“ од 3 победи и по еден пораз,додека Хрватска има ефект 2-2. 
 
Дуелот меѓу женските кошаркарски селекции на Македонија и Шведска ќе започне од 20 часот и 15 минути.