Бизнис
5. December 2018 - 16:50

Македонија се соочува со недостиг на стручен кадар

Во следните 5 години земјава нема да може да обезбеди квалификуван стручен кадар. Потребно е време реформите во образованието да дадат резултати. До тогаш ќе се зголемува јасот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд. Стапката на невработеност во змејава е 21,1 отсто, истовремено во секој момент  има меѓу  7 и 8 ооо. Проблемот е што овие слобофдни места нема кој да ги пополни.

“Имаме висок степен на невработеност, но во реалноста тешко се наоѓаат работници според потребите што ги има бизнис секторот”, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања.

Образовниот систем во моментов не продуцира кадар каков што бара бизнис секторот.

“Стручното образование обезбедува најголема веројатност веднаш по завршувањето на соодветниот степен на образование поединецот да обезбеди работен ангажман и да го материјализира знаењето”, вели Арбр Адеми, министер за образование.

Додека образованието не почне да го продуцира потребниот кадар, Владата ќе дејствува со акутни мерки за брзи ефекти, како на пример мерките за доквалификација и преквалификација.

“Во рамки на самиот План за економски раст, во третиот столб, има посебна мерка што е наменета за стручно усовршување на младите, која што дозволува финансиска поддршка до 1 милион денари за стручно усовршување на сите оние кои што ќе завршат во делот на техничките струки и ќе имаат по вработувањето можност во која било од европските земји или во која било од европските компании понатаму да се надградуваат”, вели Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

За промоција на стручните занимања земјава ќе добие поддршка од УСАИД, УНДП и Амбасадата на Швајцарија.