Македонија
23. September 2018 - 13:29

Македонија сардисана од мигранти, за пет денa откриени 164 лица, а шестмина Иранци приведени во Охрид

Во охридската полиција утрово се приведени шест лица, странски државјани без документи за идентификација, за кои постои сомневање дека се илегални имигранти.

Станува збор за четири машки и едно женско лице на возраст од 26 до 39 годишна возраст, како и и едно шест годишно дете кои, според она што го кажале пред истражните органи, доаѓаат од Иран.

Приведените околу еден часот по полноќ биле забележани на автобуската станица во Охрид, по што биле задржани во полициската станица за понатамошна  постапка. 

Македонската полиција денеска кај село Смоквица пронајде 83 илегални игранти, од кои 11 малолетни лица, во возило влекач сопственост на фирма и управувано од гевгеличанец.  

МВР соопшти дека утрово во 8:10 часот во близина на село Смоквица полицајци од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ спречиле криумчарење мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија.

Во товарниот простор од возилото пронајдени се 83 илегални мигранти од кои 11 малолетни лица. Десет од малолетните лица се од Пакистан и еден од Авганистан, додека меѓу 72-та полнолетни мигранти четворица се од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан.

Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во Прифатниот Центар во Гевгелија, соопшти МВР.

Инаку, претходните пет дена полицијата спречи илегален влез во Македонија од Србија на 121 мигрант кај граничната линија на потегот од Миратовачки пат (село Лојане) до автопатот од 18. месецов до денеска.

Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан, а тројца од Индија.

Активностите се спроведени од полициски службеници од Полициската станица за за граничен надзор „Сопот“.

Вчера пак во 16 часот, патрола од Полициската станица за граничен надзор Богородица забележала била поголема група на лица кои се движеле од брана Паљурци кон село Фурка. На дадена усна наредба од страна на униформирани полициски службеници да застанат, непознатото лице кое било на чело на групата се дало во бегство, а групата од 37 лица (мигранти) е сопрена.

Во ПС Богородица се приведени 37 мигранти за понатамошна постапка.