Loading Video...
Спорт плус
6. јуни 2021 - 17:33

Македонија против Данска во дуел за златото во Сребрена лига

Македонските одбојкари вечерва против Данска  ќе играат во финалето на Европската Сребрена лига чија завршница се игра во Струмица.
 
Во свото четврто финале во Сребрената лига и опсвоените три сребрени медали, македонските ќе се обидат конечно да стигнат до првото злато. 
 
Мотивот сигурно не недостасува, како и поддршката од трибините во струмичката сала Парк, во која како последна пречка до остварување на целта ќе бидат одбојкарите од Данска.
Инаку со овој противник одигравме два меча во групната фаза. Првиот во Струмица го загубивме со 3-0, но затоа пак на нивни терен во Слагелсе им вративме со иста мерка (3-0)
 
Сигурно дека во нашата игра многу ќе недостасува искусниот Милев кој се здоби со повреда во полуфиналето против Хрватска.
 
Финалниот меч меѓу Македонија и Данска ќе започне од 20 часот.