Македонија
27. January 2016 - 15:51

Македонија постигнува напредок во спроведувањето на обврските од Европската социјална повелба

Европскиот комитет за социјални права, задолжен за следење на обврските на земјите кои пристпаиле во Европската социјална повелба, попладнево во Стразбур, на маргините на зимската сесија на Парламенетарното Собрание на Советот на Европа.ги објави заклучоците за 31 земја, меѓу кои и за Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во заклучоците за Македонија и за уште 30 други земји членки на Советот на Европа е опфатен периодот од 1 јануари 2010 до 31 декември 2013 година. Во нив се опфатени 22 ситуации, кои по анализата од експертите на Советот на Европа, врз основа на добиените извештаи од Република Македонија се вели дека во девет од нив Македонија е во согласност, за седум не е во согласност со одредбите на Социјалната повелба, додека за шест други Комитетот за социјални права има потреба од дополнителни информации за да ја разгледа ситуацијата. Според практиката на Социјалниот комитет, кога не располага со побараните информации, се смета дека постои кршење на обврските во однос на обврските преземени од државата во согласност со Повелбата, и затоа се бара од Владата да ја исправи оваа ситуација и да ги достави бараните информаци за идниот извештај.

Како позитивна еволуција во Македонија се наведува Законот за работни односи, изменет во 2013 година со кој бремените жени и мајките, се до една година по пораѓањето, не треба да бидат изложувани на работа која носи зголемени ризици за нивното и за здравјето на нивните деца.

Позитивно е оценет и законот од 12 февруари 2013 година за заштита на децата, со кој телесните казнувања на децата се забранети во другите структури кои се грижат за децата (семејствата за прифаќање на деца институциите, домовите итн.

Комитетот заклучува дека ситуацијата во Македонија не е во согласност со членот 7§1 од Повелбата, кој се однесува за забраната за работа под 15 години, со образложение дека дневната и неделната работа на децата под 15 години е прекумерна, и според тоа не може да се смета дека станува збор за лесна работа.

Во однос на членот 7 §2 од Повелбата кој се однесува на забраната за работа под 18 години за опасни и за здравјето опасни работи, Комитетот е на мислење дека Македонија ги исполнува стандардите.

Македонија не е во согласност со стандардите кога за забраната за работа на деца кои подлежат на задолжително школство 7§3 од Повелбата, со оглед дека должината на работното време е преголемо и со тоа не може да се смета како лесна работа.

Во очекување на бараните информации Комитетот заклучува дека Македонија е во согласност членот 7§4 од Повелбата за должината на работното време за заштитата на децата и малолетниците. Исто како и за членот 7 § 6 кој се однесува на вклучувањето на професионалната обука во нормалното работно време, потоа за членот 7 § 7 годишниот платен одмор, 7 § 8 забраната за ноќна работа.

Потребно е усогласување со Повелбата на членот 7 § 9 во однос на редовната здраствена контрола, бидејќи законски не е гарантиран целосен систематски здрастевн преглед при вработување на млади под 18 години, како и преголемиот временски период меѓу медицинските контроли на младите работници.

Македонија мора, исто така, да се усогласи со членот 7 § 10 на Повелбата, со оглед дека сите деца помлади од 18 години не се заштитетни од сите форми на сексуална експлоатација.

Комитетот го одложи своето мислење во однос на членот 8 § 1 на Повелбата кој се однесува на породилното отсуство, во очекување на доплнителни информации од Македонија.

Во однос на членот 8 § 2 за противзаконитоста на отпуштањето од работа за време на породилното отсуство, Македонија не е во согласност со Повелбата, со образложение дека треба да се установи реинтеграција или да биде предвидена доволна оштета во случај на противзаконско отпуштање за време на бременоста или породилниот одмор.

Македонија, во очекување на бараните информации, според Комитетот е во согласност со членот 8 § 3 за правото на паузи за доење во траење од 1 и пол час дневно, за време на работното време.

Македонија е во согласност со членот 8 § 4 кој се однесува на правилата за ноќно работење, односно мајките на деца на возарст од 1 до 3 години не можат да ефектуираат ноќни работни задачи, освен со писмена согласност.

Членот 8 § 5, исто така, во очекување на дополнителни информации за забраната за опасни, за здравјето и тешки работи е во согласност со Повелбата.

Во однос на членот 16 од Социјалната повелба, кој се однесува на социјалната, правната и економската заштита на семејствата се заклучува според доставените информации дека Македонија не е во согласнот со одредбите, бидејќи социјалната помош не покрива значаен број на семејства, потоа поради еднаквоста на третманот за лицата со странско државјанство од земјите членки на Повелбата која не е осигурана во делот на социјалната помош, поради барањето за докажување на долг престој во земјата, период кој Комитетот го оцени како прекумерен.

Што се однесува до членот 17 § 1 за правото на децата и младите на помош, образование и обука, Комитетот го зема во предвид фактот дека на 12 февруари 2013 година во Македонија влезе на сила Законот за заштита на децата. Бара во идниот извештај јасно да бидат назначени кои правни одредби и судски одлуки јасно ги забрануваат сите форми на телесно казнување на децата, па дури и најлесните во рамките на семејните и институционалните рамки. Поради тоа не се изјаснува по оваа точка.

По прашањето на децата доверени на грижа на државните јавни установи, Комитетот се прашува дали финансиските и материјалните тешкотии на едно семејсјво можат да претставуваат мотив за одземање на нивните деца. Комитетот претходно потсетува дека одземањето на децата треба да биде исклучителна мерка, која се оправдува ако е втемелена врз потребата на детето.

Околу младите деликвенти Комитетот прашува која е максималната должина на нивното привремено лишување од слобода или затвор, со барање младите деликвенти да бидат секогаш одвоени од возарсните. По добивањето на овие информации во идниот извештај, ќе се знае дали Македонија е во согласност со Повелбата.

Македонија во 2013 година им пружила заштита на 68 деца со нерегулиран престој во земјата, давајќи им старател. Комитетот бара да биде информиран за мерките за помош на малолетниците кои се сами и се во нерегулирана ситуација во земјата. Комиетот, исто така, бара да знае дали овие деца го уживаат правото на образование.

Притоа се побарани и нови информации за законските права на барателите на азил, како и за програмите наменети за нив, за да се подобри нивната интеграција, како и да им се дадат информации за борба против лажливата пропагнада во областа на миграциите. Комитетот оценува дека Македонија е во согласност со членот 19 § 5 кој се однесува на еднаквоста на работниците мигранти и нивните семејства во однос на даноците, но не е во согласност со члено 19 § 6 за условите за семејно обединување.

Како позитивна еволуција во Македонија се наведува Законот за работни односи, изменет во 2013 година со кој бремените жени и мајките, се до една година по пораѓањето, не треба да бидат изложувани на работа која носи зголемени ризици за нивното и за здравјето на нивните деца.

Позитивно е оценет и законот од 12 февруари 2013 за заштита на децата, со кој телесните казнувања на децата е забранета во другите структури кои се грижат за децата (семејствата за прифаќање на деца институциите, домовите итн.

Европската социјална повелба е договор на Советот на Европа со кој се гарантираат основните социјални и економски права, кои се придружен дел од Европската конвенција за човекови права, која се однесува на граѓанските и политичките права. Таа гарантира широка лепеза на човекови права поврзани со работните односи, здравството, образованието, социјалната заштита и социјалните услуги.

Повелбата става акцент врз заштитата на ранливите лица, како старите, децата, хендикепираните и мигрантите. Бара уживањето на социјалните и економските права да биде без дискриминација. Таа е широк и комплетен пан-европски инструмент за заштита на овие права. Имено, најголемиот дел од Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија се втемелени врз членовите на Социјалната повлеба на Советот на Европа.