Фудбал
18. November 2020 - 20:07

Македонија поразена од Ерменија со минимални 1-0, загуби шанса за пласман во повисок ранг

Македонската фудбалска репрезентација го загуби последниот натпревар во рамките на Лигата на нации против Ерменија со 1-0. Натпреварот што се играше на Кипар го однесе победникот во повисокиот ранг, односно во Дивизијата Б.

Македонија беше далеку подобар противник во првото полувреме, но не успеа да ги искористи своите шанси па така Ерменците со голот на поранешниот Вардарец во 55-тата минута дојдоа до водство кое што успеаа да го задржат до самиот крај.

ФОТО: ФФМ