Ракомет
4. August 2017 - 19:04

Македонија поразена и од Португалија, утре дуел со Србија

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија попладнево претрпе нов пораз на Европското првнество што се одржува во Цеље, Словенија. Македонија денеска загуби од Португалија со 35:22 (17:12) во натпревар за пласман од 13-16.место. 
Најефикасна во нашиот состав беше Ива Божиновска со 6 голови, а најдобра голманката Слободанка Кическа.
Во вториот дуел за пласман Хрватска ја победи Србија со 27:18. Утре во 12 часот нашите јуниорки го играат последниот натпревар на шампионатот (дуелот за 15.место) против селекцијата на Србија. Почетокот на натпреварот е во 12 часот.