Ракомет
10. January 2016 - 23:02

Македонија подобра од Црна Гора

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Црна Гора во подготвителниот натпревар одигран вечерва во СРЦ Кале. Македонија победи со 35:28. Ова беше можност селекторите на двете селекции да ги проверат силите во пресрет на Европското првенство. 

Во изедначеното прво полувреме Македонија во финишот на првиот дел постигна неколку голови и се одлепи на 19:14. Разликата од 3-5 голови беше присутна и во поголемиот дел од вториот дел, а на крајот дуелот заврши 35:28.
Најефикасен беше Дејан Манасков со 12 голови, Кирил Лазаров постигна 7, а Даниел Дупјачанец кој бранеше само во вториот дел имаше 7 одбрани, а Борко Ристовски првиот дел го заврши со 4.
Утре најверојатно напладне Македонија и црна Гора ќе одиграат уште еден натпревар.