Loading Video...
Ракомет
6. January 2020 - 19:41

Македонија подготвена за стартот на ЕП во ракомет

Нашите најдобри ракометари со победа патуваат на ЕП во Австрија откако во последниот контролен натпревар минимално ја совладаа селекцијата на Црна Гора.  

Избраниците на селекторот Брестовац славеа со 25-24 во меч кој беше извонредно интересен и неизвесен до самиот крај. 

Средбата се играше зад затворени врати а по првиот дел откако екипите се сменија во водство  предност оствари Црна Гора и тоа од 13-12. 

Играта и резултатот  не се сменија и во вториот дел. Противниците се обидуваа да се одлепат но неуспешно. Македонија успеа во финишот да направи пресврт и да слави со еден гол разлика.  Дејан Манасков и Филип Талески постигнаа по 5 гола за нашиот тим додека Митревски беше извонреден на голот со 14 одбрани. 

Победата донесе голема радост во нашиот тим како мотив екстра за добар старт  на  ЕП каде во воведниот натпревар играме против Украина на 10-ти јануари.