Македонија
3. јуни 2019 - 16:28

Македонија подготвена за почеток на преговорите, ќе даде ли Франција зелено светло

Амбасадорот Тимоние не знае кога Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата, и каков став ќе заземе Франција на состанокот на Советот на ЕУ, што месецов треба да се одржи во Луксембург. Претседателот Макрон во еден дел од својата стратегија за Западен Балкан, дал насоки само да и нсе помогне на нашата земја што подобро да се подготви за отварање на преговорите.

По безусловната препорака на Европската комисија, академската заедница очекува добивање на датум за преговори за нашата земја. Велат дека домашната работа е завршена, и сега на потег е ЕУ.

Поради последните резултати на изборите за Европскиот парламент, Ѓуровски вели дека многу е важна активна соработка со опозицијата, која има силни врски со десничарските партии кои остварија победа на последните избори.