Македонија
16. January 2019 - 9:03

Македонија под нулата, најстудено во Битола -18 степени

Најниска температура во Македонија изутринава во седум часот е регистрирана во Битола, каде се измерени – 18 степени.

Како што информираат од  Управата за хидрометеоролошки работи, -12 степени се регистрирани во Прилеп и Лазарополе, -11 во Берово, -10 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Струмица и Дебар, -9 во Претор и Крушево, -8 во Крива Паланка, -7 во Демир Капија и Ѓуриште,  -6 во Скопје-Зајчев Рид, Виница и Пожаране, -5 во Штип, -2 во Дојран и нула степени во Гевгелија.

Најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 61 сантиметри, 49 сантиметри снег има во Лазарополе, 36 во Крушево, 33 во Дебар и Пожаране, 28 во Битола, 27 во Охрид и Ѓуриште, 20 во Тетово и Претор, 12 во Прилеп, 9 во Струмица, 8 во Крива Паланка и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Демир Капија, 5 во Скопје-Петровец, 4 во Виница и 2 во Гевгелија.

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Утре, како што информираат од УХМР, ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла.

МИА