Македонија
30. December 2016 - 16:46

Македонија пат подготвени за безбеден сообраќај

Со цел што поефикасно справување со отпадот во општината, а како дел од Проектот за заштита на Преспанското Езеро, општина Ресен, за потребите на ЈКП “Пролетер” набави современ урбан-багер – ровокопач. Багерот е вреден 2 милиони денари.
 
Машината има голема флексибилност и широка употребливост во урбаните средини при обавувањето на разни градежни и водоводно-канализациони интервенции. 
Инаку самиот проект за Заштита на Преспанското езеро во висина од околу 6 милиони швајцарски франци, последните две години го спроведуваат паралелно Општина Ресен и УНДП, а во својот дел општината треба да реализира активности покрај зајакнување на капацитетите на ЈКП , исто и во делот со изградба на системи за одведување на отпадни води низ населените места во општината, подобрување на водоснабдувањето преку рационално искористување на природните ресурси, поддршка на Паркот на Природата “Езерани”, како и поддршка на воспоставениот мониторинг на Преспанското Езеро. Проектот завршува во 2018 година.