Македонија
23. January 2020 - 16:51

Македонија падна за 13 позиции во борбата со корупцијата

Македонија бележи загрижувачки пад од 13 места на ранг листата за борба против корупцијата. Последниот извештај на Транспаренси Интеренешнл ја рангира земјава на ниско 106то место од вкупно 180 држави. Тасева предупредува дека овој податок ја враќа Македонија на нивото на корупција пред изборите и смената на власта во 2016та. Заробена држава, високо ниво на политичка корупција, влијание на политиката врз бизнисот и обратно, се клучните забелешки кои доведуваат до овој резултат.

Македонија е најлошо рангирана од сите земји во регионот. Пред нас се и Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора.

Според Тасева охрабрува фактот што антикорупциската комсија не ги игнорира случаите на корупција и судир на интереси, но потребна е поддршка од сите институции.

За да се продбри сликата Тасева апелира на поголема конторла на судирот на интереси и финансирањето на политиката, што ќе биде особено важно во следниот предизборен период. Неопходни се и институционални мерки преку кои граѓаните ќе се охрабрат да и се спротивстават на корупцијата.