Кошарка
7. August 2015 - 22:39

Македонија „отвори“ со победа над Израел

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа од 75:58 над Израел ги почна подготовките за ЕП. Ова е првиот дуел за нашите кошаркари кои изминативе денови од 25.јули имаа само тренинзи.

Најефикасен на дуелот беше Александар Костоски со 14 поени.
Утре Македонија за ривал ќе ја има селекцијата на Украина, додека во рмаките на турнирот во Охрид во недела ќе играат Израел и Украина.