Бизнис
25. November 2016 - 19:45

Македонија отплати кредит од 130 милиони евра, јавниот долг повторно под 50% од БДП

Јавниот долг се намалува. Денеска Министерството за финансии отплати кредит од 130 милони евра кон Сити банк и Дојче банк. Со тоа јавниот и државниот долг се намалени за 1,4 процентни поени.

Со оваа исплата, јавниот долг се намали на под 50%, изнесува 49,2%, а државниот падна на 40% од БДП.

Состојбата со јавните финансии во земјата е стабилна, нема пречки во исплатите и Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пениознирање или за зголемување на стапката на придонеси, вели Миноски.

Министертсвто за финансии, НБРМ и Агенцијата за супервизија на осигурувањето  денеска ги доделија наградите на најспешните деца пријавени на конкурсот по повод денот на штедењето.