Loading Video...
Фудбал
19. December 2019 - 17:03

Македонија останува на 68 место на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација останува на 68-то место на ФИФА ранг листата. 
 
На последното рангирање за 2019-та година, фудбалската репрезентација на Македонија останува на 68-то место на кое беше и во претходното рангирање. 
 
Но. И покрај добрите игри и резултати македонскиот фудбал барем според рангирањето се нема поместено. И минатата 2018-та година црвено-жолтите ја завршија на 68-та позиција на ФИФА листата исто како и годинава. 
 
Нашиот противник во разигрувањето за пласман на Европскиот шампионат, селекцијата на Косово е на 115-тото место на ранг листата на ФИФА.