Loading Video...
Фудбал
25. March 2019 - 0:16

Македонија одигра нерешено со Словенија

Фудбалската репрезентацијата на Македонија одигра нерешено против Словенија на гостувањето во Љубљана. 
 
Во меч од 2.коло на Г групата во  квалификациите за ЕП 2020, Словенија и Македонија одиграа 1:1
 
Иако во воведните 20-тина минути црвено-жолтите беа оние кои повеќе ја контролираа играта, сепак во 34-тата по една брза контра Миха Зајц и донесе водство за Словенија.
 
На самиот почеток на вториот дел односно 47-минута, по акцијата на Алијоски од десната страна, на вистинското место се најде Енис Барди кој со убав гол го израмни резултатот.
 
По првите две одиграни кола во квалификациите Македонија има четири бода, како и Израел кој со 4:2 ја порази Австрија. Водечка во оваа група е Полска која ја оствари втората победа совладувајќи ја Летонија со 2:0.
 
Во следното коло, кое на програмата е на 7 јуни, ќе играме на домашен терен против Полска.
 
Табела група „Г“:
1. Полска 6
2. Израел 4
3. Македонија 4
4. Словенија 2
5. Австрија 0
6. Летонија 0