Македонија
8. September 2018 - 16:17

Македонија одбележува 27 години независност - кои пет настани останаа врежани во меморијата

Скопје, пред 27 години, престеаддтелот Киро Глигоров од плоштадот Македонија прогласи успешен референдум и независна држава.

„Дозволете вечерва да им честитам на сите граѓани. Слободна, суверена и самостојна Македонија“ .

На референдумот во 1991 година излегоа 72 проценти од граганите, а  95 отсто од нив  позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

4 години подоцна  на  трети октомври  беше извршен обид за атентат со автомобил бомба  врз првиот македонски претседател. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. И после 23 години не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот. Истрагата само  успеа да утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров останал жив.

Во  јануари 2001-ва се случи воениот конфликт во Македонија, Траеше 11 месеци. Започна  со тероростички напад  на албанската паравоена формација ОНА врз полициската станица во  Теарце.  Конфликтот финишираше со потпишување на Рамковниот Договор , под будно око на мегународната заедница.  Според некои проценки во конфликото загинаа 71 лице на македонска страна и 76 од албанска страна.

2004-та. Пресетдателот  Борис Трајковски заедно со осумчлената делегација трагично загинаа во авионската несрека  во Ротимље во близина на Мостар. За причината на падот на владиниот кингер беа извршени  две истраги и објавени два извештаи.  Лоцирана беше пилотска грешка, а со подоцна и пропусти во процедурите за летање и во инструмњентите за навигација.

Денеска навршуваат 27 години од независноста.  Македонија е пред нова историска одлука. Да го прифати догворот со името за Грција и да стане членка на НАТО. На рефрендумот на 30-ти септември граганите ќе им го имаат последниот збор.