Македонија од утре под снег
Постудено време со врнежи од снег утре ќе ја зафати целата територија на Македонија. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови, особено во западните и јужните делови.
Како што информираат синоптичарите, пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и во понеделник претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка. На пониските места се очекува да наврнат околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см. Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер.
Во вторник се уште ќе има слаби врнежи од снег само во западните делови од земјава.
До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Вредностите на дневните температури речиси насекаде ќе се задржат под нулата. Утринските температури од вторник до четврток на места ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Врнежи од снег ќе има и во Скопската котлина, почнувајќи од утре претпладне, а пообилни ќе бидат ноќта кон понеделник. Ќе се формира и снежна покривка од околу 10 см.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево