Македонија
8. February 2018 - 19:11

Македонија очекува економскта стабилност и подобра безбедност од приемот во НАТО

Вооружени сили се подготвени за членство во НАТО, кое треба да донесе зголемена безбедност и економска стабилност во Македонија. Најавите дека оваа година нашата земја ќе добие покана за членство во Северноатланската алијанса веќе носат бенефит, но очекувањата се дека ќе се соочиме со истите проблеми, со кои се судриле и останатите членки. 

Членството во НАТО не гарантира сигурна безбедност, но земјите кои се дел од оваа организација секогаш имаат пристап до важни информации, за однапред да се заштитат.

Поддршката за влез во НАТО од македонските граѓани е на многу високо ниво, но постојат неоправдани замерки дали буџетот на нашата земја може да го издржи членството.

Националниот координатор за влез во НАТО, вели дека за влез во ваква меѓународна организација не е потребно организирање на референдум.