Македонија
5. February 2019 - 16:41

Македонија оценета како делумно слободна земја во извештајот на „Фридом Хаус“

Македонија е делумно слободна земји според рангирањето на Фридом Хаус. Земјава доби оценка  3 од вкупно 7 од кои единица означува дека една држава е најслободна. За  политичките права оценета е со 4, а според граѓанските слободи со 3,5. Според анализата на американската невладина организација,  Македонија бележи мал напредок во однос на овие две категории. Овие оценки не се вистинскиот приказ на реалните состојби вели професорот Никола Дујовски. Тој Смета дека Македонија има поголема слобода во медиумите од некои земји во регионот кои се подобро рангирани но оценката е таква поради севкупната состојба во државата. Членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ можат да допринесат за поголема слобода , но не и да направат чудо.

Од регионот,  најдобро рангирана е Грција, зад неа се Хрватска, Романија, Бугарија, а потоа како делумно слободни Албанија, Србија, Косово и БиХ. На глобално ниво невладината оценува дека 13 години по ред опаѓа слободата и демократијата.  Од 196 држави само 86 се слободни останатите се пониско рангирани.