Фудбал
11. October 2017 - 15:46

Македонија носител во Лигата на нациите

Фудбалската репрезентација на Македонија во новоформираното натпреварување, Лига на нации, ќе игра во Д групата, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).
 
УЕФА водејќи се според коефициентите состави четири групи: А и Б со по 12 репрезентации (четири групи од по три селекции), Ц со 15 тимови (една група со три тима и три групи со по четири тима) и Д со 16 репрезентации, каде партиципираа и Македонија (четири групи со по четири репрезентации).
 
Според замислата на УЕФА, ова натпреварување ќе биде замена за пријателските натпревари, а ќе стартува на 6.септември наредната година. Победниците од групите Б, Ц и Д ќе изборат пласман во ранг погоре, а најдобрите четири од А групата ќе играат завршен турнир за титулата.
 
Според рејтингот во оваа конкуренција Македонија ќе има статус на носител кога ќе биде извлекувањето на групите.
 
Покрај Македонија во Д групата се и селекциите на Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Летонија, Фарски острови, Луксембург, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта, Андора, Косово, Сан Марино, Гибралтар.
 
Група А: Германија, Португалија, Шпанија, Белгија, Франција, Англија, Швајцарија, Италија, ПОлска, Исланд, Хрватска, Холандија
 
Група Б: Австрија, Велс, Русија, Словачка, Шведска, Украина, Република Ирска, БиХ, Северна Ирска, Данска, Чешка, Турција
 
Група Ц: Унгарија, Србија, Романија, Шкотска, Словенија, Грција, Албанија, Норвешка, Црна Гора, Израел, Бугарија, Финска, Кипар, Естонија, Литванија
 
Д лига: Азербејџан, Македонија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Летонија, Фарски острови, Луксембург, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта, Андора, Косово, Сан Марино, Гибралтар.