Македонија
16. јуни 2017 - 16:54

Македонија не ја почитува Конвенцијата за децата

Ако неможат пред македонските судови сугурно ќе ја добијат правдата во Стразбур. Експертите се категорични- Децата кои ги бараат биолошките родители доколку поднесат тужба до Европскиот суд за човекови права ќе биде пресудено во нивна корист. Судот веќе имал пракса со вакви случаи од повеќе држави. Овие деца имаат право да го знаат генетското потекло тврдат познавачите на оваа област од правото.

-Со самиот факт што Р. Македонија ја има ратификувфано конвенцијата за правото на детето на ОН од ‘89 година. Практично се согласила да направи измени во националното законодавство во насоки да овозмоѓи начин како овие деца ќе можат да дојдат до такви информации. Проблем е тоа што сеуште го немаме направено. Спорен е тој што тој член 123 А од законот за семејство кој треба да претрпи измени, изјави доц. д-р Елена Игновска, правен експерт.

Граѓанскиот сектор веќе подготви измени на овој член од законот за семејство кој треба до крајот на месецот да ги образложи пред надлежните во труд и социјала. Доколку се направат измени тие нема да имаат ретроактивно дејство затоа Игновска предлага по примерот на Франција да се формира национален совет кој ќе посредува меѓу мајката и детето.

Иако имаат право посвоените деца неможат да ги дознаат биолошките родители или други роднини бидејќи според постоечкиот закон тие информации се службена тајна. Затоа многумина од нив по корените трагаат преку социјалните мрежи, но тешко успеваат да стигнат до вистинското потекло.