Македонија не ги користи обновливите извори за добивање струја
Со новиот Закон за енергетика, Македонија има шанса да фати приклучок со развиените земји и да го зголеми придонесот на обновливите извори на енергија во вкупното производството на електрична енергија. Покрај несудените хидроцентрали Чебрен и Галиште, акцент треба да се стави и на локации во Мариово ка де сеуште не е издадена ниту една концесија.
Нова шанса за инвестирање во зелена енергија, гледаат и претпријатијата чија дополнителна дејност е производството на струја од обновливи извори.
Според пресметки на експертите, во Македонија искористени се само 25 проценти од хидропотенцијалот со кој располага земјата. До 2020 година, согласно директивите на ЕУ, државата има обврска 21 отсто од енергијата да ја добива од обновливи извори на енергија.
-
Методија Куновски
Сите содржини од овој новинар