Loading Video...
Ракомет
9. July 2020 - 19:44

Македонија не доби покана за ракометниот мундијал во Египет

Според информациите од ИХФ вајлд картите ги добија репрезентациите на Полска и Русија со што автоматски  нашата селекција нема да настапи на големиот собир. 

„ИХФ доби  пријави од неколку федерации. Земени беа во предвид генералниот развој и глобалниот ефект врз ракометот но и економските причини особено во време на пандемијата“ пишува во образложението на  светската асоцијација. 

Да потсетиме дека поради неодигрување на баражот со Франција  од раководството на македонската репрезентација побараа вајлд-карта за настап во Египет и според пласманот на последното ЕП најголеми фаворитите беа Полска и Македонија но ИХФ одлучи сепак да ја покани Русија со што се познати 30 од вкупно 32 земји учеснички на следниот Мундијал.  Последните две места се  сеамериканскиот континент кои доколку го откажат одигрувањето на квалификациските турнири може да отворат минимална шанса за Македонија.