Loading Video...
Фудбал
24. October 2019 - 15:51

Македонија напредуваше за една позиција на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за една позиција на најновата ранг листа на ФИФА. 
 
Со победата над Словенија 2:1, но и по поразот на гости кај Полска (0:2), македонската фудбалска репрезентација го заокружи октомврискиот квалификациски циклус за Европското првенство во 2020 година. 
 
Со ваков ефект и новите освоени бодови, репрезентацијата на Македонија сега има вкупно 1.344 бодови, што беше доволно за прогрес од едно место, па сега црвено-жолтите се рангирани на 68.место на ФИФА листата. 
 
Од нашите противници во квалификациите. Полска е најдобро рангирана на 21.место, последните два противници со кои Македонија ќе игра во Евро-квалификациите, Австрија е на 25-тото,а Израел зад нас на 89- место. 
 
Последните два меча Македонија ќе ги одигра на 16 и 19 ноември, на гости кај Австрија и во Скопје против Израел.
 
Инаку „Топ 10“  листата на ФИФА ја сочинуваат: Белгија, Франција, Бразил и Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија, Аргентина и Колумбија.