-->
-->
Македонија на убедлив начин го совлада Косово
-->
Македонските кошаркари забележаа победа над Косово во предквалификациите за ЕП 2021 година.
Во прекрасна атмосфера во преполната гевгелиска сала, македонските кошаркари до третиот триумф во предквалификациите совладувајќи го косово со 78-68.
Црвено-жолтите започнаа фуриозно, па во првата четвртина на два пати имаа и имаа и 16 поени предност. Сепак во втората, гостите успеаја да ги консолидираат редовите и на полувреме да заминат само со четири поени негатива 39-35.
Во вториот дел нашите репрезентативци одново ја презедоа играта во свои раце, па во 35-минута имаа и највисоки 17 поени предност 75-58, за на крајот да славата со 10 поени разлика 78-68.
Бојан Трајковски кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок со 23 поени и 13 скокови беше најефикасен во нашиот состав, за кој Американецот, Шејн Витингтон придодаде 15, а браќата Стојановски заедно искомбинираа 24 поени (Војдан 14, а Дамјан 10)
Македонија со максимални три победи е лидер во Б групата во која Романија има по една победа и пораз, а Косово е последен со три порази.
Последниот меч од овој предквалификациски циклус, нашата селекција ќе го одигра на гости кај Романија на 21 февруари следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи